Неколку интересни натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Голден Стејт постигна 42 поени во една четвртина, а Портланд конечно победи после серијата од 6 порази.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кошаркарите на Голден Стејт, во дербито против Торонто, одиграа една од најдобрите четвртини во сезоната. Во првата четвртина успеа да постигне 42 поени, а на крајот славеше со 121:111.
Стеф Кари со 28 поени и по 7 скока и асистенции беше најефикасен во домашниот тим, каде белскаше Кевин Дурент со 22 поени, 17 скокови, 7 асистенции и 5 блокади, а Клеј Томпсон постигна 21 поен.
Чикаго во драматичен меч славеше против Бруклин 101:99. Мечот го реши Џими Батлер, кој поентираше со звукот на сирената. Крилото на Булси мечот го заврши со 40 поени, а со девет поени во последните 150 секунди успеа да ја анулира предноста на Бруклин од седум поени. Во редовите на Бруклин блескаше центарто Брук Лопез со 33 поени.
Резултати:
Орландо – Шарлот 101:120
Вашингтон – Индијана 111:105
Атланта – Њујорк 102:98
Детроит – Милвоки 94:119
Чикаго – Бруклин 101:99
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 102:98
Сан Антонио – Феникс 119:98
Денвер – Минесота 105:103
Портланд – Сакраменто 102:89
Голден стејт – Торонто 121:111