Вечерва беше комплетирано 3. коло во Лигата на шампиони каде фаворитите немаа проблем да стигнат до трите бода, а Интер славеше во дербито против Борисија Дортмунд.
Интер го одигра еден од најдобрите натпревари во Лигата на шампиони во последно време и славеше над „милионерите“ со 2:0. Уште на стартот Лаутаро Мартинез донесе водство и ја најави победата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Домаќините ја контролираа играта и беа подобар противник, а во второто полувреме Лаутаро промаши пенал за зголемување на водството. Конечните 2:0 ги постави Кандрева на неколку минути пред крајот.
Барселона потешко од очекувањата славеше на гостувањето кај Славија Прага. Каталонците брзо дојдоа до водство со голот на Лионел Меси, а потоа мрежите мируваа до крајот на полувремето.
Меѓутоа, на почетокот на второто полувреме Славија израмни на 1:1 со голот на Масопуст, но расоста на домашните траеше само седум минута, кога Суарез погоди за 2:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.
Наполи и Ливерпул запишаа важни гостински победи. „Црвените“ супериорно славеа на гостувањето кај Генк со 1:4, додека Наполитанците победија со 3:2, а Елмас ги одигра последните десетина минути.
Бенфика оствари важна победа над Лион со 2:1, додека Лил со гол во последните минути се спаси од пораз против Валенсија.