Шпанскиот клуб Леванте објави дека македонскиот фудбалер Енис Барди ќе добие продолжување на договорот.
Македонскиот репрезентативец, кој откако дојде во Шпанија воодушевува со своите фудбалски квалитети, посебно со мајсторство во изведување на слободните удари, во Леванте пристигна од Ујпест за сума од 1.5 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барди минатата сезона беше стрелец на девет погодоци, а пет од нив беа постигнати од слободен удар, оваа сезона успеа да биде стрелец на еден погодок кој беше ремек-дело од слободен удар.
Реномираниот „АС“ претходно и најави, а сега Леванте потврди дека Македонецот добива нов договор кој е продолжен до 2022 година, а неговата откупна клазула ќе биде зголемена на 50 милиони евра.
Во претходниот договор Барди имаше клазула од 25 милиони евра.
Барди за клупската телевизија истакна задоволство што е дел од Леванте и посака уште долги години да остане член на шпанскиот приволигаш.
https://www.facebook.com/LevanteUD/videos/529042134207002/