Дома Фудбал Германија (Видео) Баерн пресилен за Шалке, видео технологија повторно на сцена, Родригез го постигна првенецот!

(Видео) Баерн пресилен за Шалке, видео технологија повторно на сцена, Родригез го постигна првенецот!

Екипата на Баерн Минхен вечерва запиша убедлива победа од 0:3 на гостински терен против Шалке во рамките од петото коло во германската Бундеслига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Баварците до водство стигнаа во 25 минута кога повторно на дело стапи видео технологијата, прво беше досуден корнер, а потоа пенал за гигантот од Минхен. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Роберт Левандовски.  Само четири минути подоцна Џејмс Родригез го постигна својот првенец во дресот на Баерн, за веќе сигурни 0:2, резултат со кој се замина на полувремето.

Во вториот дел домаќините малку како да ја подобрија играта, но сепак Баерн беше тимот кој во поголемиот дел од натпреварот го имаше поседот на топката, а и со самото тоа и контролата на случувањата на теренот. За убедливи 0:3 се погрижи Артуро Видал во 75 минута од средбата, во следното коло екипата на Баерн ја очекува натпревар на домашен терен против Шалке.



Во останатите два натпревари кои се одиграа во ист термин, Волфдбург и Вердер одиграа 1:1, додека Аугусбург го совлада Лајпциг, минимално со 1:0. Нешто порано во терминот од 18:30, Борусија Менхенгладбах запиша победа од 2:0 против тимот на Штудгарт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Сопругата на голманот на ПСЖ стана хит: Не смееше да внесе руско знаме на стадионот, еве како се снајде (Видео)

И покрај тоа што во финалето на Лигата на шампионите главните ѕвезди беа стрелците и херои…