Атлетико Мадрид е првиот четвртфиналист во Лига Европа, откако и на реваншот во Москва славеше со 5:1 против Локомотив.
Тимот од Мадрид дојде до водство уште во 16-та минута преку Диего Коста, но само четири минути покасно домаќините го израмнија резултатот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во второто полувреме Атлетико комплетно доминираше и го „демолира“ тимот на Локомотив. Саул Нигез ги донесе „јорганџиите“ во водсво во 47-та минута, а потоа Торес постигна два гола.
Во 85-та минута видовме и ремек-дело на Гризман, кој го постигна еден од најубавите голови оваа сезона во Лига Европа.