Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Атлетико го матира Јувентус, Сити со пресврт до победа

Видео: Атлетико го матира Јувентус, Сити со пресврт до победа

Атлетико Мадрид запиша голема победа против Јувентус и со предност од два гола ќе патува во Торино. Манчестер Сити со пресврт го победи Шалке.

Исклучително возбудлив натпрвар одиграа Атлетико и Јувентус, а на крајот се радуваа „јорганџиите“ кои со голема предност ќе патуваат во реваншот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во првото полувреме мрежите мируваат, иако видовме неколку добри шанси на двете страни. Најпрво Роналдо се закани со проектил, но Облак одбрани со фантастична интервенција. Неколку минути подоцна судијата покажа на белата точка, но ВАР покажа дека Де Шиљо надвор од шеснаесетникот го фаулирал Диего Коста.

Во второто полувреме видовме комплетна доминација на „јорганџиите“. Најпрво Гризман ја погоди стативата, а потоа Мората постигна гол, кој судијата го поништи поради фаул над Киелини.

Одбраната на Јувентус попушти во 78-та минута, кога после еден корнер најспретен во казнетиот простор беше Хименез кој донесе водство од 1:0. Само неколку минути подоцна Годин зголеми на 2:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

На натпрварот помеѓу Шалке и Манчестер Сити видовме пет гола и два пресврти. Најпрво поведе Сити со голот на Агуеро, но домаќините до полувреме успеаа да направат комплетен пресврт преку Бенталеб, кој два пати погоди од белата точка.

Во второто полувреме Сити остана со играч помалку бидејќи беше исклучен Отаменди, но сепак стигна до пресврт со головите на Сане и Стерлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…