Дома Останати Кошарка Видео: Атланта го запре шампионот!

Видео: Атланта го запре шампионот!

Шампионот Кливленд како домаќин загуби од Атланта 106:110. Њу Орлеанс и во осмиот меч не успеа да победи, овој тим заедно со Филаделфија се единствените кои немаат победа од почетокот на сезоната.

Кливленд по стартните шест победи го доживеа првиот пораз во првенството и тоа на домашен терен од екипата на Атланта 106:110. Гостите од Џорџија на теренот на шампионот одиграа брилијантен меч и предводени од Денис Шредер (28 поени, 6 асистенции), Кент Бејзмор (25 поени, 6 скока) и Пол Милсап (21 поен, 5 скока) дојдоа до победата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кај Кливленд Кајри Ирвинг постигна 29 поени, Кевин Лав имаше двоен ефект од 24 поени и 12 скокови, а Леброн Џејмс имаше учинок од 23 поени, девет скока, пет асистенции и три украдени топки.

На останатите натпревари: Портланд, предводен од Лилард и Мекалум, славеше над Феникс 123:121, ЛА Лејкерс против Далас го забележаа првиот сезонски пораз на домашен терен 97:109, Сакраменто го порази Њу Орлеанс 102:94, Бруклин ја совлада Минесота 119:110, а Мемфис во драматичен финиш го победи Денвер 108:107.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатна партија на Јокиќ, погледнете го лудилото по кошот за победа на Денвер

ДЕНВЕР НАГЕТС се вратија од негатива од 20 поени во третата четвртина и го победија Лос Ан…