Дома Фудбал Англија Видео: Арнаутовиќ човек на одлука, Вест Хем ги изненади „сините“

Видео: Арнаутовиќ човек на одлука, Вест Хем ги изненади „сините“

Денес со почеток во 13:30, 16 коло во англиското првенство го отворија екипите на Вест Хем и Челзи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Веќе во првиот натпревар го видовме и првото изненадување, Вест Хем кој се наоѓа во опасната зона успеа да слави над тимот на Челзи и тоа минимално со 1:0.

Марко Арнаутовиќ одлично се снајде во шеснаесетникот на „сините“ и по додавањето од Ланзини успеа погоди и да го отвори резултатот уште во шестата минуда од натпреварот.

Тоа беше и една од ретките шанси за „чеканите“ во овој натпревар, но беше сосема доволна за овој тим да запише исклучително важна победа. Од друга страна Челзи пропушти шанса да се доближи до еден од првите два тима, Сити и Јунајтед кој утре во дербито од Премиер лигата ќе играат меѓу себе.

За Вест Хем ова беше само трета победа во сезоната, додека тимот на Антонио Конте го запиша четвртиот пораз.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…