Денес македонската фудбалска репрезентација и Државната видео лотарија на македонија потпишаа договор за соработка.
На прес-конференцијата одржана во хотелот „Хилтон“ присуствуваа директорката на маркетинг на Државната лотарија на Македонија, Вики Чадиковска, портпаролот на ФФМ Златко Андонвсоки и директорот на А-репрезентацијата Дени Масев.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За нас ова претставуваше еден огромен предизвик, среќни сме што можеме да бидеме дел од една успешна спортска историја. Спортот е една од сферите кои заслужуваат поддршка, затоа секогаш се обидуваме и да ја даваме нашата поддршка. За нас е огромен предизвик, зата што македонската фудбалската репрезентација ќе игра на Европското првенство. На вакво нешто чекавме три децении и среќни сме што соработуваме во овој момент. Горан Пандев е нашето заштитно лице, тука е и Кире Лазаров, селекторот на ракометната репрезентација, со години го поддржуваме и автомобилистот Игор Стефановски Иџе, како и кошаркарката Едина Муса. Со ова сакаме да покажеме дека веруваме во спортот и сакаме тука да помагаме“, изјави Чадиковска.
„Исклучително ми е драго што фудбалот добива нов партнер, секогаш е убаво кога имате поддржувачи. Благодарност до македонската видео лотарија, делиме исти вредности, покажааа колку е важен спортот. Со ова партнерство вие станувате член на нашата фудбалска фамилија. Посебна багодарност до господинот Аднанд Шариќ кј ќе биде еден од нашите најголеми поддржувачи на Европското првенство“, изјави директорот на А-селекцијата Дени Масев.
Договорот е потпишан на три години.
„Потпишавме три годишно партнерство и сакаме заедно да се радуваме на успесите на нашата национална фудбалска репрезентација и на Европското првенство, а се надеваме и на пласман и на Светското првенство. Ова е прв чекор, доколку ги видиме резултатите, посакуваме ова да е почеток на една убава приказна“, одговори Чадиковска на новинарското прашање.