Дома Фудбал Германија Видал ќе продолжи да игра само под одредени услови!

Видал ќе продолжи да игра само под одредени услови!

Артуро Видал веќе некое време се наоѓа во центарот на вниманието поради своите скандали надвор од терените.

Чилеанецот е познат по тоа што би сакал да излегува по клубови, па таму често прави скандали во видно алкохолизирана состојба. Видал веќе со месеци не игра на нивното на кое сме навикнати да го гледаме и се почесто се зборува за тоа дека Баерн сака да се реши од овој играч за врска веќе во јануари.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на баварскиот клуб, Јуп Хејнкес призна за германските медиуми дека неодамна разговарал со Видал за неговата моментална ситуација. Искисниот германски стратег јасно му порачал дека не е задоволен од неговото однесување, па го советувал тоа итно да го промени.

„Имавме разговор пред десетина дена. Му кажав дека не сум задоволен од неговата физичка подготвеност и кондиција. Мора драстично да се поправи на тренинзите ако сака да игра. Не размислуваше за тоа изминатите месеци што се гледа и на него. Но, откако му кажав, почна повеќе да се труди“, истакна Хејнкес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…