Артуро Видал постигна комплетен договор со Интер и се очекува во наредните денови да пристигне во Милано за да го комплетира трансферот.
Договорот ќе биде за период од две години со можност за продолжување на уште една. Платата што ќе ја добие Видал ќе биде во вредност од 6 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега останува фудбалерот да го раскине договорот со Барселона, бидејќи каталонскиот клуб му соопшти дека повеќе нема да смета на него.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека Видал сигурно ќе ја напушти Барселона бесплатно. Каталонците се согласиле да го раскинат договорот, а Чилеанецот им порачал дека не сака никакви пари како отпремнина.
Ова е џентлменски потег на Видал кој се откажал и од сите долгови кои према него ги има Барселона, само што побрзо да го напушти клубот.