Дома Фудбал Италија Видал: Интер сезонава оди по Скудето!

Видал: Интер сезонава оди по Скудето!

Чилеанецот Артуро Видал во интервју за „Скај Спорт“ зборуваше за амбициите на Интер во вториот дел од сезоната.

Видал со голем отпимизам јавно истакна дека неговиот тим атакува на Скудетото.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не се плашам да кажам, Интер оди по Скудето! Нашата цел е таа. Секако, пред да мислиме на титулата мораме да работиме и да одиме од натпревар во натпревар. Клубот има проект со млади фудбалери кои имаат голема желба да освојат нешто. Жалиме што рано бевме елиминирани од Лигата на шампионите меѓутоа сме во игра за два важни турнири и ќе дадеме се од себе да излеземе како победници“, изјави Чилеанецот кој сезонава запиша две асистенции.

Во овој момент Интер е втор на табелата и следниот натпревар го игра на 3. јануари против Кротоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…