Артуро Видал од оваа сезона го носи дресот на Интер, Чилеанецот по доаѓањето на Роналд Куман беше означен како „вишок“ и го напушти клубот.
Неколку клубови се интересираа за неговите услуги, а на крајот тој одлучи да се врати во Серија А каде што претходно го носеше дресот на Јувентус. Во интервју за „Кориере дело Спорт“ Видал зборуваше зошто се решил да ја прифати понудата на Интер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тука сум првенството поради Конте. Три години бевме заедно во Јувентус и тоа беше незаборавно искуство. Долго разговаравме ова лето и клубот направи се за да ме доведе. Конте е ист тренер како што беше во Јувентус. Сака фудбал и пренесува страст. Сериозно може да се налути ако направиш грешка“, истакна Видал.
Зборуваше Видал и за случувањата во Барселона.
„Бев среќен во Барселона, моите соиграчи ми станаа големи пријатели, но работите се променија и одлучив да дојдам тука. Чувствувам глад за освојување на Серија А и го сонувам трофејот во Лигата на шампионите“, порача чилеанскиот фудбалер.