Дома Фудбал Останато Веќе станува јасно: Тухел ќе го наследи Лампард!

Веќе станува јасно: Тухел ќе го наследи Лампард!

Како „бомба“ утрово одекна веста дека Челзи ја раскинал соработката со Френк Лампард.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Информацијата ја пренесоа најпознатите медиуми, а веќе има и нови вести.

Најновите информации се дека нов тренер на „сините“ ќе биде Томас Тухел кој неодамна доби отказ во ПСЖ. Познатиот италијански новинар Николо Шира објави дека германскиот стратег со тимот од „Стенфорд Бриџ“ ќе потпише договор до 2022 година, односно на година ипол.

Од друга страна „РМЦ“ тврди дека дека договорот на Тухел ќе биде до 2025 година. Останува да видиме што на крајот ќе биде точно.

Како и да е едно станува веќе јасно – Тухел ќе го спасува проектот на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона би можела да се кае поради Рашфорд

Маркус Рашфорд беше еден од првите фудбалери кои влегоа во конфликт со Рубен Аморим кога п…