Дома Останати Кошарка НБА Вечер на ѕвездите во НБА: Блескаа Јанис, Леброн, Јокиќ и Харден! (ВИДЕО)

Вечер на ѕвездите во НБА: Блескаа Јанис, Леброн, Јокиќ и Харден! (ВИДЕО)

Само четири натпревари беа одиграни изминатата вечер во НБА лигата.

Милвоки Бакси лесно славеа против Њу Орлеанс со резултат 120:108, а уште еден луд натпревар одигра Јанис Антетокумпо. Грчкиот кошаркар за 33 минути на паркетот уфрли 34 поени, 17 скокови и 6 асистенции и беше незапирлив за противниците. Кај Пеликанси одличен беше Брендон Играм со 32 поени и 7 скокови, додека Зион Вилијамсон имаше 20 поени и 7 скокови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хјустон беа подобри од Шарлот со 125:110. Тимот од Тексас до победата ги предводеше Џејмс Харден со 40 поени, 12 асистенции и девет скока. Бриџис на другата страна уфрли 20, имаше и 15 скока.

На Никола Јокиќ му недостасуваше една асистенција за трипл-дабл, натпреварот го заврши со 29 поени, 13 скокови и девет асистенции. Од друга страна Лилард уфрли 21 поен.

Леброн Џејмс беше незапирлив за Сан Антонио, а Лејкерси го добија натпреварот со резултат 129:102. „Кралот“ натпреварот го заврши со 36 поени, 9 асистенции и 7 скокови, додека кај Спарсите Демар Дерозан постигна 28 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Баерн Минхен спреми рекордна понуда за Тео Хернандес

Баерн Минхен на лето најверојатно ќе остане без Алфонсо Дејвис, па веќе ја започна потрага…