Дома Топ вести Вечер на спектакуларни потези на Бенито Виљамарин – бодовите отидоа во Баскија

Вечер на спектакуларни потези на Бенито Виљамарин – бодовите отидоа во Баскија

Фантастично отворање а 26-то коло на шпанската Примера, но задоволни од одличната фудбалска претстава ќе бидат само гостите од Сан Себастијан. Реал Сосиеадад од Бенито Виљамарин ги однесе трите бода, со серија феноменални потези за нијанса надигрувајќи го со 2:3 инспирираниот домаќин Бетис, па викендот го дочекува како четвртопласирана екипа во националното првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите голови на синоќешниот натпревар имаа нешто специјално во себе, но мора да се издвои вториот, односно првиот гол за Бетис, за кој со фантастичен волеј топката во мрежата ја смести Хероним Руљи.

Сепак, човек за одлука и апсолутен јунак на екпата од Еузебио Сакристан беше искуснот капитен Чаби Пријето, кој ги постигна вториот, но и одлучувачкиот трет гол за својот тим и уште еднаш ги покажа своите мајсторски способности.

Сосиедад се проби на четвртото место, додека Бетис остана на 14 позиција, но уште нема потреба за страв поради опстанок во елитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус ќе донесе нов напаѓач, беше хит на СП!

Според известувањата од Mundo Deportivo, Јувентус е спремен да плати 50 милиони евра и да …