Дома Останати Кошарка НБА Вечер на гостите во НБА: Портланд, Торонто и Голден Стејт на една победа до полуфинале (ВИДЕО)

Вечер на гостите во НБА: Портланд, Торонто и Голден Стејт на една победа до полуфинале (ВИДЕО)

Првата фаза во НБА плејофот полека влегува во својата завршница.

Кошаркарите на Портланд поведоа со 3:1 во серијата против Оклахома откако славеа на гостински терен со 111:98.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Портланд одигра одличен натпревар и успеа да направи „брејк“ на гостински паркет и сега е на чекор од пласман во конференциското полуфинале.

Од самиот почеток Портланд наметна одлично темпо и покажа одлучност да избегнат пораз со кој Оклахома можеше да изедначи на 2:2 во оваа серија.

На домашниот тим не му беше доволен ниту одличниот учинок на Пол Џорџ бидејќи Вестбрук целосно потфрли. Гостите тоа го искористија и со одлична тимска игра на крајот славеа со 111:98.

https://youtu.be/LVjpQOjQW70

Со 3:1 во серијата поведе и актуелниот шампион Голден Стејт кој на гости славеше против ЛА Клиперси со 113:105. Гостите до победата ги предводеше Кевин Дурант со 33 поени, додека Томпсон додаде еден поен помалку. Стеф Кари во овој натпревар застана на само 12 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=XHEeXcKM_JE

Исто така победа на гостински терен оствари и Торонто против Орландо со 85:107 и сега и тие водат со 3:1 во серијата. Торонто до триумфот беше предводен од одличниот Леоонард кој постигна 34 поени, додека кај домаќините најефикасен беше Гордон со 25 поени.

https://youtu.be/VJi4mTyCM8k

Во терминот кој се играше нешто порано Бостон на гости ја заврши работата со Индијана. Тие славеа со 106:110 и така со 4:0 во серијата се пласираа во следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…