Дома Фудбал Репрезентации Вечерва ќе ги дознаеме и последните три репрезентации кои ќе играат на Европското првенство

Вечерва ќе ги дознаеме и последните три репрезентации кои ќе играат на Европското првенство

Денеска на програмата се уште три натпревари во плеј-офот за пласман на Европското првенство и од нив ќе ги добиеме и последните патници на континенталниот собир на турнирот во Германија во летото кое следи.

Програмата ќе ја отворат Грција и Грузија од 18:00 часот и победникот од овој бараж ќе влезе во групата Ф со Португалија, Турција и Чешка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За место на ЕП ќе играат и Украина и Исланд. По трилер натпреварот и победата со два гола во една минута Украинците добија можност да играат во финалниот бараж. Победникот од овој натпревар на Европското првенство ќе игра со Белгија, Словачка и Романија во групата Е.

Велс и Полска ќе играат за место во групата Д каде што се Холандија, Франција и Австрија. Ќе потсетиме, Европското првенство стартува на 14-ти јуни со натпреварот помеѓу домаќинот Германија и Шкотска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…