Дома Фудбал Останато Вечерва се доделува „Златната топка“: Французите веќе тврдат – Меси ќе биде победникот!

Вечерва се доделува „Златната топка“: Французите веќе тврдат – Меси ќе биде победникот!

Вечерва во Париз ќе се одржува церемонијата за доделување на „Златната топка“

Претходната година „Златната топка“ не беше доделена поради пандемијата со коронавирусот, а многумина сметаа дека така му се направи голема штета на Роберт Левандовски кој имаше фантастична година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот добитник на „Златната топка“ беше Лионел Меси кој истата ја освои во 2019 година и таа за него беше шеста во кариерата. Со нетрпение се очекува почетокот на церемонијата, а се смета дека Меси, Левандовски и Бензема се главни фаворити.

Меѓутоа, дел од француските медиуми уште утрово објавуваат дека Меси вечерва по седми пат ќе ја освои престижната награда. Во изминатата година Меси со Аргентина ја освои Копа Америка со Аргентина и конечно дојде до трофеј со репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…