Во Париз вечерва на свечена церемонија која ја организира „Франс Фудбал“ ќе биде доделена „Златната топка“ – едно е сигурно за освојувачот ќе биде прва.
Најголем фаворит е Карим Бензема кој со Реал Мадрид зад себе има сезона од сонштата. Бензема со 15 голови го водеше Реал до титулата во Лигата на шампионите и во повеќе натпревари беше човек на одлука.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал ќе потсетиме на патот до титулата ги победи Челзи, ПСЖ, Манчестер Сити и Ливерпул. Кога ќе се погледнат сите натпреварувања Бензема на 46 натпревари постигна 44 голови, а подели 15 асистенција.
Главниот конкурент на Бензема ќе биде Роберт Левандовски кој сезонава го носи дресот на Барселона. Во минатата како играч на Баерн Левандовски на 45 натпревари постигна 48 голови и подели седум асистенции. Индивидуалниот учинок на Левандовски можеби е одличен сепак, на клупски план ја освои само Бундеслигата.
Зад нив потоа следуваат Mбапе, Салах, Садио Мане, Винисиус Жуиниор.. Меѓутоа сите очекуваат вечерва да биде вечер на Бензема се останато би било изненадување. Треба да се спомене и дека ова ќе биде 45-освојувач на „Златната топка“.