Дома Фудбал Лига на шампиони Вечерва во Лигата на шампионите само две екипи ќе се борат за осминафинале!

Вечерва во Лигата на шампионите само две екипи ќе се борат за осминафинале!

shakhtar lion

Вечерва продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите, но истите ќе биде значително помали во однос на вчерашните.

Имено, во три од четирите групи двата патници во осминафиналето се веќе познати. Единствените екипи кои вечерва ќе се борат за место во осминафиналето се Шахтјор и Лион и тие ќе одлучуваат во директен дуел!

Двете екипи можат во следната рунда, но Лион е поблиску до целта


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шахтјор мора да го совлада Лион во својот последен натпревар во групата Ф за да го прескокне францускиот тим и да му се приклучи на Манчестер Сити во нокаут фазата. Од друга страна Лион повеќе ќе размислува за својот гол, отколку за гостинскиот. Нивната цел ќе биде да ја сочуваат својата мрежа незатресена, иако досега тие го покажуваат спротивното. Тешко е да се замисли Лион како се брани. Оваа екипа игра офанзивен фудбал од секоја гледна точка, а тренерот Генесио сака да игра на гол поеќе од противникот, а не на 0:0.

Сепак сега приказната е сосема друга, а влогот е преголем па затоа ќе биде интересно да се види како ќе изгледа Лион во Украина. Она што важи за Лион и нивната напаѓачка филозофија, важи и за Шајхтор кој поради слабиот квалитет во Украина тие се навикнати да играат офанзивно. Сега на овој меч воопшто не треба да го менуваат својот пристап. Ќе ја играат својата игра и тоа на некој начин е олеснителна околност за нив.

Лион неочекувано свеж отпатува во Украина

Лион би требало да се брани, но Лион се уште може технички да ја освои групата. Тоа би се случило ако тие го совладаат Шахтјор, а Манчестер Сити загуби во Хофенхајм. Во пракса, тие сигурно ќе бидат среќни само со избегнување на поразот и напредување во следната рунда од оваа тешка група. Токму затоа речиси сите го занемаруваат фактот дека Лион може и до лидерското место.

Францускиот клуб нема победа во последните три натпревари. Забележаа две ремија против Манчестер Сити и Лил од по 2:2 и пораз во минатото коло од Рен на домашен терен со 0:2. Сепак, Лион има една голема предност пред овој меч. Нивниот натпревар против Тулуз кој требаше да се одигра изминатиот викенд беше одложен. Затоа фудбалерите на Лион со голема свежина ќе настапат во Украина. Мора да се напомене дека Лион е непоразен во Лигата на шампионите оваа сезона. Но нивната шок победа во Манчестер Сити остана нивна единствена победа.

Шајхтор ќе ја игра својата игра, но и ќе се надева на малку среќа

Шајхтор изминатиот викенд играше против Мариупол со 0:3, а прашањето за победникот го реши за 8 минути кога ги постигна сите голови од 62-ра до 70-та минута. Со тоа си ја продолжија низата од пет натпревари без пораз во која е и победата од 2:3 во Хофенхајм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…