Дома Останати Кошарка Евробаскет Ветеранот Пол Гасол мотивиран: Ќе играм на Евробаскетот како да ми е последен!

Ветеранот Пол Гасол мотивиран: Ќе играм на Евробаскетот како да ми е последен!

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Шпанија, Серхио Скариоло, вчера го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојниот Евробаскет.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шпанија на Евробаскетот ќе настапи во силен состав и токму тие ќе бидат едни од главните фаворити на натпреварувањето во кое ќе ја бранат титулата освоена пред две години.

Пол Гасол е исклучително мотивран пред почетокот на натпреварувањето.

„Секое првенство може да ви биде последно па така морате и да играте и да се жртвувате како да ви е последно. Можам да ви кажам дека на ова првенство ќе се натпреварувам со ист интезитет како на секое до сега во кариерата. Ќе видиме дали ќе настапам на Светското првенство во 2019 година“, изјави Гасол.

Европското првенство се игра од 31 август до 17 септември во Финска, Израел, Романија и Турција.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Дали ова е крајот на сезоната за Лука Дончиќ? Одговорот е во рацете на Лејкерс

Додека Лос Анџелес Лејкерс губат со 0-1 во полуфиналето на Западната конференција и чекаат…