Легендарниот италијански ветеран не престанува да ги тресе мрежите иако кон крајот на јануари ќе наполни 36 години.
Кваљарела оваа сезона во дресот на Сампдорија доживува втор младост и на 15 настапи во Серија А постигна девет погодоци и запиша пет асистенции, а сега се најде пред потпис со нов догово.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Скај Спорт“ пренесува дека Кваљарела потпишал нов договор кој ќе има важност до 2020 година и кој ќе има опција за продолжување на уште една.
Официјална потврда се уште нема, но ако им веруваме на италијанските медиуми истата би требало да пристигне наскоро.
Иначе, Кваљарела игра во страшна форма и успеа да постигне гол во последните шест натпревари во Серија А во низа.