Дома Фудбал Англија Вест Хем убедливо на гостувањето на Хадешфилд, „Плавите“ не го срушија отпорот на противникот на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

Вест Хем убедливо на гостувањето на Хадешфилд, „Плавите“ не го срушија отпорот на противникот на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

Во рамки на 23. коло во Премиер лигата, попладнево Челзи и Лестер на „Стемфорд Бриџ“ одиграа без погодоци.

Што се однесува до Кристал Палас, на домашен терен славеше со минимални 1:0 против екипата на Барнли, а стрелец на единствениот погодок на мечот беше Сако во 21. минута.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вест Хем оствари триумф кај Хадерфилд на гости со 1:4. Резултатот го отвори Нобл во 25. минута, а во 40. минута, Лоли израмни на 1:1 пред паузата. Во продолжението за само 15 минути, Вест Хем направи сериозна доминација, па така, Арнаутовиќ најпрво во 46. минута зголеми на 2:1, а на два пати потоа во 56. и 61. минута Ланцини ги постави конечните 1:4.

Њукасл и Свонси ремизираа 1:1. Ајев им донесе водство на гостите во 60. минута, а Јоселу во 68. минута израмни на 1:1.

Ремизираа и екипите на Вотфорд и Саутемптон. Вард Проус во 20. минута му донесе водство на Саутемптон, а потоа и го зголеми водството пред полувремето со погодок во 44. минута. Греј во продолжението, во 58. минута ја намали негативата, а конечниот резултат го постави Докур во 90. минута.

ВБА пак, во последниот меч од 16:00 часот, славеше над Брингтон со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…