Дома Фудбал Вест Хем му го нанесе првиот пораз на Ливерпул

Вест Хем му го нанесе првиот пораз на Ливерпул

Вест Хем го победи Ливерпул во возбудлив натпревар со пет гола (3:2) и потврди дека ќе атакува на место што води во Лигата на шампионите.

Фантастичниот натпревар беше отворен со автоголот на Алисон во четвртата минута, а Александер Арнолд со гол од слободен израмни на 1:1 пред крајот на првиот дел.

Вест хем во 67-та минута погоди за 2-1 преку Форналс, а потоа Зума со глава по изведен корнер ја затресе мрежата на Алисон за 3-1.

Водството на домаќинот го намали Ориги, кој за момент го врати Ливерпул во игра, но екипата од „Енфилд“ не успеа да избегне пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…