Изминатата ноќ во НБА лигата беше обележана со натпреварот од двата тима на врвот на Западната конференција, ЛА Лејкерси и Хјустон. На крајот Хјустон однесе победа со резултат 121:111.
Најзаслужен за триумфот на Хјустон беше Расел Вестбрук со 41 поен, осум скока и пет асистенции. Тој на овој натпревар стигна до бројката од 20.000 поени. Џејмс Харден натпреварот го заврши со 14 поени и по седум скокови и асистенции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кај Лејкерси, Ентони Дејвис имаше 32 поени и 13 скокови, Леброн беше блиску до трипл-дабл со 18 поени, 9 скокови и 15 асистенции.
Натпреварот на вечерта го одигра Јанис Антетокумпо, капитенот на еден од „Ол-Стар“ тимовите во победата на Милвоки над Филаделфија од 112:101 забелжа дабл-дабл со 36 поени, 20 скоквои 6 асистенции.
НБА резултати:
Њујорк – Орландо 105:103
Чикаго – Њу Орлеанс 119:125
Милвоки – Филаделфија 112:101
Портланд – Сан Антонио 125:117
Лејкерси – Хјутон 111:121