Поранешниот младински репрезентативец на Македонија Ердон Даци постигна нови два гола во белската втора лига. Вчера Вестерло со пресврт славеше против Мускрон, а Даци беше стрелец на два гола.
Вестерло имаше негатива од 0:2, а во вториот дел постигнаа четири гола за пресврт. Даци го постигна вториот гол за изедначување во 58. минута и голот за водство од 4:2. До крајот Мускурон успеа само да го ублажи поразот. Ќе додадеме и дека пред крајот на натпреварот македонскиот фудбалер заработи жолт картон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Даци со ови два гола стигна до бројката од осум гола во втората белгиска лига во која Вестерло има одличен старт и се наоѓа на првата позиција.