Дома Топ вести Веста на денот: Белингам го избрал новиот клуб!

Веста на денот: Белингам го избрал новиот клуб!

Aнглискиот играч за врска Џуд Белингам договорил трансфер во Реал Мадрид, објави шпанска „Марка“.

Иако претходно се пишуваше дека Ливерпул и Манчестер Сити се фаворити за потписот на Белингам сега ситуацијата се променила, посебно откако Клоп проценил дека фудбалерот е прескап.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал работел во сенка и успеал да го убеди Белингам да заигра на „Сантијаго Бернабеу“. Според договорот кој наводно го постигнал, Белингам ќе потпише до 2029 година, а „кралевите“ ќе платат сума помеѓу 100 и 120 милиони евра.

Според најавите, претставници на клубот наскоро планираат заминување во Дортмунд каде што ќе биде завршено и од наредното лето Белингам ќе заигра за Реал Мадрид кој така успеа да доведе уште еден фудбалер кој ветува по Орлиен Чуамени и Едуард Камвинга.

Официјализација на трансферот би можело да следи откако сезоната ќе заврши бидејќи Борусија во овој момент е фокусирана на битката за титулата со Баерн во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…