Рома синоќа од Лигата на Шампионите го исфрли главниот фаворит за освојување на натпреварувањето, Барселона.
Со триумфот на својот „Олимпико“ од 3:0 Волчицата ја достигна негативата од 1:4 од првиот натпревар и ги остави Каталонците без планираното полуфинале. Од Рома сега сакаат и дополнителен чекор, големо финале, но покрај останатите екипи ќе биде апсолутен аутсајдер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, синоќешниот натпревар покажа дека чуда се случуваат, но европските и светските обложувалници по исфрлувањето на Барселона и Манчестер Сити најголеми шанси за освојување на натпреварувањето им даваат на Реал Мадрид. Зад „Кралевите“ е Баерн, како трет фаворит е Ливерпул, додека Рома е поставена во најлоша ситуација од можните четири полуфиналисти.
Со оглед на тоа што вечерва се играат уште два натпревари во понудите се и Јувентус и Севиља, а квотите за нив се огромни и тие ќе мораат да направат поголемо чудо од она на Рома против Барселона за да дојдат поблиску до трофејот во Лигата на Шампионите.