Српската фудбалска јавност се уште го слави одличниот напаѓач Александар Митровиќ кој со голот против Португалија на Србија учество на Светското првенство во Катар.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Митровиќ во последните моменти од натпреварот ги шокираше Португалците и погоди за победа од 2:1. Малку кој веруваше дека Србија може до победа во Лисабон, сепак тоа се случи.
Интересно е што Митровиќ во тој натпревар играл повреден. Ваквата информација ја потврди тренерот на стручниот штаб на Србија Љубинко Друловиќ.
„Веројатно тоа и никој не го знае, но Митровиќ играше повреден. Имаше само еден тренинг во таа недела.
Сепак, имаше голема желба да настапи, покажа карактер и на крајот беше награден“, изјави Друловиќ за „Арена Спорт“.