Дома Фудбал Англија Вернер со порака до соиграчите: Мораме подобро, одбраната е таа која носи титули!

Вернер со порака до соиграчите: Мораме подобро, одбраната е таа која носи титули!

Tимо Вернер за викендот ги постигна првите два гола Премиер лигата.

Челзи скапо го плати Вернер, но напаѓачот уште на стартот почнува да возвраќа. Вернер два пати погоди, меѓутоа тоа не беше доволно за победа на „сините“ затоа што дуелот заврши 3:3.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се виде тоа и претходно против ВБА кога Челзи исто така прими три гола, најголем проблем на Лампард сезонава ќе биде одбраната која не е на нивото. Вернер по последниот натпревар на своите соиграчи им потенцираше дека одбраната е најважна.

„Среќен сум за головите, но не победивме, па затоа не можам во целост да се радувам. Во последните три натпревари примивме премногу голови, тоа не е на нивото на кое треба да бидеме. Ние сме Челзи и треба да се бориме за титула, а со ваков биланс сигурно нема да можеме да оствариме такво нешто. На крајот, нападот не носи титули, во Германија ме научија една работа – одбраната е таа која ги носи титули“, порача Вернер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…