Германскиот репрезентативец Тимо Вернер во последниот период во светот на фудбалот е познат како некој кој промашува зицери, се сеќаваме и на промашувањето против Македонија во дресот на германската репрезентација во март.
Меѓутоа покрај промашувањата Вернер е и најголемиот „малер“ во фудбалскиот свет. Денес против Саутемптон беше стрелец но ВАР му го поништи. По овој поништен гол статистичарите објавија дека на Вернер откако е воведен ВАР системот му поништил 16 гола.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Денес и постигна еден гол за 2:1, тоа беше негов прв сезонава. Челзи натпреварот го доби со 3:1, а погодуваа уште Бен Чилвел и Чалобах. Вернер од кога дојде во Челзи има учинок од 13 гола и 16 асистенции на 59 натпревари.