Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер е свесен за својата слаба голтерска форма во овој момент и вети дека ќе даде 100% од своите можности за да се поправи.
Германецот во Челзи стигна пред две лета како големо засилување од Лајпциг, но впечаток е дека од него повеќе се очекуваше. Ја освои Лигата на шампионите во својата прва сезона, но во актуелната сезона, посебно во Премиер лигата не блеска и тоа предизвика бројни критики, но Вернер има и поддршка од навивачите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Понекогаш се прашувам зошто воопшто ме поддржуваат толку. Напаѓач сум и сакам да постигнувам голови, но јас промашувам шанси. Двам се од себе на секој натпревар за екипата да оставарува добри резултати“, изјави Вернер.
Сезонава Вернер во Премиер лигата постигна само еден гол, а вкупно во сите натпреварувања има шест.