Дома Топ вести Вернер ги одби Барса и Јунајтед, преговара со Ливерпул

Вернер ги одби Барса и Јунајтед, преговара со Ливерпул

Германскиот напаѓач Тимо Вернер кариерата би можел да ја продолжи во редовите на Ливерпул.

Како што пренесува „Билд“, 23-годишниот напаѓач е голема желба на менаџерот на „Црвените“, Јирген Клоп и преговорите се веќе во напредна фаза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Атлетик“ пренесува дека Вернер веќе ги одби понудите на Манчестер Јунајтед и Барселона со цел да направи трансфер во европскиот шампион.

Германецот во договорот со Лајпциг има откупна клаузула од 58 милиони евра која може да се активира до април, а Ливерпул е спремен тоа да го направи, па веќе преговара со неговиот агент.

„Црвените“ на Вернер му нудат договор до 2025 година и годишна плата од 8 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Никола Јокиќ повторно прогласен за МВП во НБА лигата

Кошаркарот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ е најкорисен играч во НБА за сезоната 2023/2024. …