Дома Фудбал Англија Венгер јасен: До крајот на договорот со Арсенал, Санчез останува и таа одлука ќе ја почитува

Венгер јасен: До крајот на договорот со Арсенал, Санчез останува и таа одлука ќе ја почитува

wenger

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер истакна дека Алексис Санчез ќе остане во лондонскиот клуб уште оваа сезона и дека ќе ја почитува оваа одлука.

За овој 28-годишен крилен напаѓач, заинтересирани се Манчестер Сити и ПСЖ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Единствена работа која можам да ви ја кажам дека тој е фокусиран. Мојата одлука е јасна, тој ќе остане и ќе го почитува тоа“, истакна Венгер.

Санчез поради настапите за Чиле на Купот на конфедерациите доби продолжен одмор, но дури вчера се придружи на тренинзите поради настинка.

Венгер истакна дека веќе нема јавно да шпекулира за заминувањето на Санчез додавајќи:

„Тоа веќе не е информација, туку самоубиство“.

Тој исто така додаде дека шпанскиот напаѓач, Лукас Перез ќе ги напушти „Топчииите“, како и дека Депоритво е заинтересиран за неговото враќање.

Арсенал ова лето се засили со пристигнувањето на Александар Лаказет, кој го доби бројот девет, оној кој Перез го носеше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…