Францускиот стручњак на клупата на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека клубот нема да го доведе Мбапе ова лето.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За услугите на напаѓачот на Монако интерес покажаа повеќе клубови бидејќи одигра фантастично во изминатата сезона, но за многумина младиот напаѓач е прескап.
Еден од клубовите кои нема намера да го доведе поради превисоката цена е и Арсенал, тоа го потврди Арсен Венгер.
„Не е вистина дека ќе го доведеме Мбапе, луѓето само фантазираат. Се што знаеме е дека неговата цена е повеќе од 100 милиони евра. После тоа можете да замислувате што сакате, но ние не сме испратиле понуда до Монако“, изјави Венгер.