Арсенал денес запиша нов пораз. „Топчиите“ беа поразени од Брајтон со 2:1 и така ја продолжија црната серија која им ги затвори вратите за Лигата на шампионите наредната сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Навивачите на лондонскиот клуб бараат заминување на Арсен Венгер. Меѓутоа Франзузионот не сака да ја напушти менаџерската позиција, а за денешниот пораз го пронајде заморот како виновник.
„Ја разбирам сета фрустрација. Финалето на Лига купот кое се игра на сред сезона секогаш е проблем, посебно кога ќе изубите. Прво тој пораз ни донесе голема негативност, а потоа дополнително не погоди и поразот во четвртокот. Едноставно не можевме да играме денес“.
„Физички сме изморени и ментално истрошени. Грешките се забележително, ни недостасува свежина за да направиме разлика на теренот. Кога сте целосно голи, едноставно морате да ја пронајдете маицата и да ја облечете“, изјави Венгер.