Дома Фудбал Англија Венгер го предложи својот наследник на менаџерскиот престол до управата на Арсенал

Венгер го предложи својот наследник на менаџерскиот престол до управата на Арсенал

Искусниот Французин денес објави дека го напушти Северен Лондон по тековната сезона, а изгледа дека има и идеја кој би требало да го наследи.

Арсен Венгер одлучи по 22 години да го напушти саканиот Арсенал, долго беше на мета на критики поради сите слаби резултати на екипата, па на крајот пресече.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се вели дека не му е оставен избор, дека управата му порачала дека ќе биде сменет, па тој побрза и една година пред истекот на договорот донесе одлука да се повлече од менаџерската позиција.

Неговото соопштение секако е вест на денот, а откако се обрати на медиумите почнаа и шпекулациите кој би можел да го наследи.

Кандидати има многу, кој се се наоѓа во потесниот избор …

Еден од фаворитите е и некогашниот играч за врска на оваа екипа, тренерот на Њујорк Сити, Патрик Вијера.

Венгер изјави дека токму неговиот сонародник, со кого соработуваше на Северен Лондон, би бил добар избор на управата на клубот.

„Тој е момче кое има потенцијал еден ден да ја преземе екипата, секако. Ја следам неговата тренерска кариера, мислам дека одлично работи. Но, кога ќе погледнеме се, знаете, оваа Премиер лига е посебна. Морате да дојдете и да дадете се од себе. Многу некогашни играчи кои играле тука и имаат потенцијал, интелегенција и знаат да работат тука. Така што, има избор, не се грижете за тоа“, истакна Венгер.

Виера како играч на три пати ја освои ПЛ под палка на Арсен Венгер, а во изминатите две години е шеф на стручниот штаб на Њујорк Сити, филијалата на Манчестер Сити во МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Падна рекордот на Касиљас: Ноер испиша историја во Лигата на шампионите

Баерн вчера го победи Арсенал со 1:0 и со вкупни 3:2 го исфрли од Лигата на шампионите. Ед…