Арсен Венгер во Мадрид беше поразен со 1:0 од Атлетико во реваншот од полуфиналето во Лигата на Европа и тука го заврши својот настап во Европа оваа сезона.
Лигата на Европа беше последна шанса за спас на сезоната на „топчиите“, но и последна шанса Венгер да стигне до еден европски трофеј како тренер на Арсенал, со оглед на тоа дека го напушта славниот клуб на крајот од сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој викенд Арсен Венгер за последен пат во кариерата ќе го предводи Арсенал на „Емирати“, па се очекува околу 60.000 навивачи за последен пат да се поздрават со легендарниот тренер.
„Имав одредено време во својата глава да ја прифатам идејата дека го напуштам клубот. Тажно, но се има свој крај. Не секогаш се завршува добро. Тажен сум бидејќи го сакам овој клуб и знам што тој претставува. Поминав тука 22 години и не е лесно да се замине. Сепак, се соочував со тешки ситуации и во минатото, па ќе го направам тоа повторно“, изјави Венгер.
Арсенал во недела со почеток од 17:30 игра против Барнли.