Македонскиот фудбалер Крсте Велкоски кој го носи дресот на Сараево ја превзема одговорноста во денешниот пораз на неговиот тим во дербито против Железничар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Сигурно дека разочарувањето е големо. Сакам да истакнам дека ја превземам вината за денешниот пораз. Не искористив добри прилики на почетокот на натпреварот. Како еден од најискусните играчи во екипата, едноставно тоа не смее да ми се случува и за такво нешто нема оправдување“.
„Денес не бевме на нивното на кое бевме во претходните натпревари. Прво јас, па потоа останатите. Мораме да се вратиме по овој пораз и да покажеме дека сме голем тим.“, истакна Велкоски.