Дома Фудбал Репрезентации Велковски: Против Италија веќе имаме добри натпревари, со Англија не сме се тестирале

Велковски: Против Италија веќе имаме добри натпревари, со Англија не сме се тестирале

Македонската фудбалска репрезентација вчера ги доби групите во квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Среќата не беше на наша страна, па така ќе мораме да играме во група со двата финалисти од последното Европско, Италија и Англија, Украина и Малта.

Дефанзивецот Дарко Велковски кој летово направи трансфер во Саудиска Арабија за „Спортски.мк“ ги кажа своите очекувања од ваквата група. Тешко е, но нема да се предадеме.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Добивме тешка група, можеби најтешката во овие квалификации. Но веќе навикнавме да одиме по по потешкиот пат. Сигурно дека сме оптимисти и се надеваме на позитивни резултати“, ни изјави Велковски.

Италија и Англија се две европски велесили и полесен противник тешко е да се избере, македонскиот дефанзивец смета дека италијанската игра повеќе ни одговара, посебно затоа што со нив веќе одигравме неколку добри натпревари.

„Мислам дека Италија повеќе ни одговара, веќе имаме неколку одиграни добри натпревари против нив. Со Англија се уште не сме се тестирале“, смета Велковски.

Инаку, Велковски ќе биде дел од составот на Македонија за контролниот натпревар против Саудиска Арабија во Абу Даби на 22. октомври. Тоа ќе биде репрезентација составен со најголем дел фудбалери од македонската лига, но Велковски ќе биде тука со цел да одигра повеќе натпревари, со оглед на тоа што долго време беше без клуб.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…