Дома Останати Вајт се изнасмеа на бизарните правила за повратничката борба на Тајсон

Вајт се изнасмеа на бизарните правила за повратничката борба на Тајсон

Во сабота конечно ќе се одржи долго најавуваниот повратнички меч на двете боксерски легенди, 54 годишниот Мајк Тајсон и 51 годишниот Рој Џонс.

Станува збор за егизбистички меч кој ќе се одржи по посебни правила затоа што двата борци се во шестата деценија од животот. Ќе се боксуваат осум рунди по две, место стандардните три минути. Потоа судија нема да има во рингот, а после мечот нема да биде прогласен победник. Од спортска преспектива најбизарно е што забранети се нокаути, нема да смеат да се нокаутираат еден со друг.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ваквите правила ги коментираше првиот човек на УФЦ, Дајна Вајт.

„Не смеат да се нокаутираат еден со друг?“ зачудено запраша шефот на УФЦ па започна да се смее.

„Тоа правило тешко ќе биде наметнато. Би сакал да се обложам дека тоа нема да се случи“, изјави Вајт кој Тајсон го смета за близок пријател, а во минатото соработуваше и со Џонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Гобари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…