Дома Останати Вајт потврди: Конор оди на победникот од Кабиб – Фергусон!

Вајт потврди: Конор оди на победникот од Кабиб – Фергусон!

Претседателот на УФЦ Дајна Вајт потврди дека Конор Мекгрегор ќе се бори против победникот од мечот со Кабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кабиб ќе го брани појасот во лесна категорија против Фергусон на 18. април во Бруклин, а ако успешно го одбрани веројатно ќе биде приморан да прифати реванш со Конор.

Тоа го потврди шефот на УФЦ, Дајна Вајт.

„Конор веројатно ќе се бори против победникот од мечот помеѓу Коби и Тони“, изјави Вајт, а потоа зборуваше за потенцијален судир помеѓу Дагестанецот и Ирецот.

„Тоа би било неверојатна броба. Не знам кој би победил, но мора да му се оддаде признане на Кабиб. Никогаш не изгубил, страшен е, морате да одите до крајни граници против него“, порача Вајт.

Исто така Вајт најави дека таа борба би требало да се случи во септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…