Дома Фудбал Останато Вајс си поднесе оставка после поразот од Македонија

Вајс си поднесе оставка после поразот од Македонија

Селекторот на Грузија, Владимир Вајс, поднесе оставка на функцијата, по поразот од Македонија, во финалето од плеј-офот за пласман на Европското првенство.

Вајс призна дека нашите репрезентативци одиграле одлично и заслужиле пласман на ЕП, по што им посака и многу среќа и успех.

Македонија, во Тбилиси, победи со голот на Горан Пандев и прв пат во својата историја ќе игра на едно големо натпреварување.

„Мојата работа заврши. Истече времето. Им благодарам на грузиските навивачи, играчи, новинари. Ова беше тешко време, но сепак беа ова пет добри години во мојот живот. Жалам што не успеавме“, изјави Вајс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Весли Снајдер ги продава своите фудбалски трофеи и медали од Светското првенство

ПОЗНАТИОТ поранешен холандски репрезентативец Весли Снајдер (42) реши да го излицитира сво…