Дома Фудбал Останато Вацке му кажа дека заминал за пари, Обамејанг возврати: Вие сте кловн!

Вацке му кажа дека заминал за пари, Обамејанг возврати: Вие сте кловн!

Ханс Јоаким Вацке, првиот човек на Борусија Дортмунд отворено го критикуваше Пјер-Емерик Обамејанг поради заминувањето од клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Габонецот во јануари 2018 година го засили Арсенал во трансфер вреден 65 милони евра, но Вацке тврди дека Обамејанг се преселил во Лондон поради пари.

„Во Арсенал прави одлични работи и среќен е кога ќе ја погледне својата банкарска сметка, но затоа во вторник и среда Лига на шампиони гледа на телевизија и сигурно му е жал поради тоа“, изјави Вацке.

Обамејанг не молчеше и на Твитер му возврати на Вацке кого го нареше кловн.

„Подобар за вас никогаш да не кажам зошто си заминав од Борусија Дортмунд. Господине Вацке вие сте таков кловн. Се сеќавам дека кажавте дека никогаш нема да го продадете Осман (Дембеле), но потоа видовте 100 милиони евра и се согласивте. Не зборувајте за пари и ве молам оставете ме на мир“, напиша Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Секој главен судија на Светското првенство ќе си оди со повеќе од 100 000 долари

Екипите кои ќе бидат елиминирани уште во групната фаза на Светското првенство во фудбал ќе…