Тренерот на Академија Пандев, Александар Васоски, би можел да биде нов тренер на босанскиот прволигаш Сараево, пренесуваат тамошите медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сараево е без тренер по отказот кој го доби Хрватот Горан Саблиќ по слабите резултати, а 42-годишниот Васоски се смета за главен фаворит за тренерското столче.
Васоски беше тренер и на Вардар, а со Академија Пандев има одлична полусезона и го однесе тимот на второто место на табелата.