Дома Тикет на денот Васоски и Ќумбев со прогноза за денешните дуели на ЕУРО 2020

Васоски и Ќумбев со прогноза за денешните дуели на ЕУРО 2020

Денес на програмата на ЕУРО 2020 се последните два осминафинални натпревари. И ако вториот меч меѓу Шведска и Украина не привлекува големо внимание, тогаш оној прв меч од 18:00 часот меѓу старите непријатели Англија и Германија на Вембли во Лондон го привлекува целото внимание на фудбалската јавност. Повторно по еден меч анализираат и типуваат Александар Васоски и Панче Ќумбев.

Панче Ќумбев го прогнозира натпреварот:

Англија – Германија ( време: 18:00 ч. )


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова ќе биде одличен дуел, на две селекции кои се едни од најдобрите во Европа. По се мислам дека победникот од овој натпревар ќе оди до самиот крај, до финалето на ова Европско првенство. Предност им давам на Германците. Мислам дека се поквалитетни од Англија и ќе дојдат до победа во ова осминафинале кое дефинитивно е најатрактивно во оваа фаза на ЕУРО 2020.

ТИП: Англија – Германија – 2 @ 3.10 во Bet365

Александар Васоски го прогнозира натпреварот:

Шведска – Украина ( време: 21:00 ч. )

Ова ќе биде еден интересен натпревар. Можеби е најнеатрактивен натпревар во осминафиналната фаза. Меѓутоа Шведска покажа дека со некоја чудна дефанзива може да победува и да напредува. Ја победи Полска на таков начин и не изгуби од Шпанија. Не верувам дека и Украина ќе нападне, мислам дека ќе играат претпазливо па не очекувам многу голови на овој натпревар. Сепак, мислам дека Шведска ќе помине во четвртфиналето.

ТИП: Шведска – Украина – 0-2 @ 1.60 во Bet365

Шведска – Украина – домаќинот оди понатаму @ 1.67 во Bet365

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (петок, 03.05.2024)

Денес е ден кога имаме вовед во пребогат викенд. Започнуваат новите рунди ширум Европа, а …