Вардар за викендот пропушти добра прилика за победа против Ренова. Црвено-црните водеа со 3:1, но на крајот Ренова успеа да изедначи и да стигне до 3:3, третиот гол Вардар го прими во 90. минута.
Васоски се огласи преку социјалните мрежи, зборуваше за резултатите, но и најави дека е можно да се случи најцрно сценарио за Вардар во декември.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Резултатите во последните неколку кола не се на ниво на Вардар, а се плод на лошата среќа и на созревањето на екипата. Нашиот тим на овие мечеви, сметајќи го и тој во кој убедливо загубивме од Шкендија (1-5), не беше во подредена улога. Напротив, во сите параметри, освен, за жал, во головите, бевме подобри од нашите противници. Физичката подготвеност во моментов е задоволителна, но ни фалат пријателски средби да ги корегираме грешките. Имаме комплетно нова екипа, која во од ја воигруваме и се надевам дека ќе ни се врати среќата, па ќе заиграме уште подобро. Доколку не се среди ситуацијата во клубот после декември, Вардар ќе го доживее најцрното сценарио од неговото постоење “, напиша Васоски.