Атлетико Мадрид со два гола во последните десет минути ја победи Барселона (2:3) и закажа пресметка со Реал Мадрид за трофејот во Суперкупот.
Во вторто полуфинале видовме вистински спектакл со пет гола и пресврти. Барса доминираше во првиот дел, но не успеа да го совлада расположениот Облак.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На стартот од вториот дел, Коке погоди за водство на Атлетико, но само 5 минути подоцна Меси го израмни резултатот, а неколку минути подоцна Гризман погоди за комплетен пресврт.
„Јорганџиите“ направија вистински подвиг и за пет минути, од 81-та до 86-та постигна два гола и обезбеди финале со Реал Мадрид.
Треба да се напомене дека ВАР беше во главна улога на овој меч и и поништи два гола на Барселона. Едниот во 73-та минута поради милиметарски офсајд на Видал, а претходно и на Меси му беше поништен гол поради игра со рака.