Тимот на Вардар се врати во битката за опстанок откако денес ја прекина серијата од четири порази и славеше против Македонија Ѓорче Петров со 1:0.
Вардарци со 1:0 славеа против Македонија ЃП и сега се на два бода негатива од Брегалница која е на 11-та позиција и утре игра против Воска.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денешната победа на Вардар е заслужена затоа што црвено-црните беа поконкретни и можеа да слават и поубедливо. Одлучувакиот момент се случи во 35. минута кога Милосавиќ ја затресе мрежата на домаќините.
Идниот викенд се игра последното коло од есенскиот дел од сезоната, а во меѓувреме Вардар ќе го одигра одложениот натпревар против Силекс. Во последното коло Вардар игра со Тиквеш, додека Македонија Ѓорче Петров се соочува со Гостивар.
Фото: ФК Вардар